Ноември – месец на Џакомо Пучини во Националната опера и балет

За публиката, ова е ретка можност, во еден месец, да доживее четири од најважните опери на Пучини, изведени на највисоко ниво

Четири опери од Џакомо Пучини ќе бидат изведени во Националната опера и балет во текот на ноември во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од смртта на големиот италијански композитор.

– За публиката, ова е ретка можност, во еден месец, да доживее четири од најважните опери на Пучини, изведени на највисоко ниво. Проектот „Месец на Пучини“ не е само уметнички настан, туку и можност да ја инспирираме новата генерација љубители на операта, да ги прошириме културните хоризонти и да предизвикаме интерес за оперската уметност кај пошироката публика – велат од НОБ.

Во рамките на „Месец на Пучини“ ќе бидат изведени: „Боеми“ (8.11.2024), Приказна за љубовта и загубата во боемскиот кварт на Париз; „Мадам Батерфлај“ (16.11.2024), Трагична љубовна приказна за јапонската гејша и американскиот офицер; „Тоска“ (23.11.2024) Опера за љубовта, предавството и жртвата во револуционерниот Рим; „Турандот“ (29.11.2024) Приказна за суровата кинеска принцеза и принцот кој се обидува да ја освои.

Секоја од овие опери носи емотивни приказни за љубовта, жртвата и страста, раскажани преку трогателни мелодии и виртуозни изведби кои нашите солисти, хорот и оркестарот ќе ги оживеат на сцената, велат од НОБ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни