ВИДЕО: Арсенал со пораз ќе патува во Париз, Борнмут пак ги изненади „топџиите“

Екипата на Борнмут повторно приреди изненадување и по вторпат сезонава го совлада Арсенал во Премиер лигата, овој пат на „Емирати“ со минимални 1-2 (1-0). 

Откако Ливерпул ја обезбеди дваесеттата титула во Премиер лигата, Артета и „топџиите“ целосно се фокусираа кон Лигата на шампионите, каде ги чека полуфинален реванш против ПСЖ. Тоа можеше да се воочи и по денешниот пристап на фудбалерите од Лондон, кои отворија одлично, но како се ближеше крајот на средбата го губеа темпото и дозволија Борнмут да направи пресврт и да извојува минимална победа.

  • Арсенал - Борнмут 1-2:

Резултатот го отвори херојот на Арсенал на двомечот со Реал Мадрид, Деклан Рајс. Англискиот репрезентативец со својот трет погодок оваа сезона во Премиер лигата донесе предност за лондончани, но во вториот дел „црешите“ го шокираа фаворитот и ги однесоа бодовите на југот на Англија.

На 1-1 израмни Дин Хујсен во 67. минута, а конечните 1-2 ги постави Еванилсон на петнаесет минути до крајот на средбата.

  • Лестер Сити - Саутемптон 2-0:

Во попладневната програма од Премиер лигата се одиграа два натпревари. Лестер Сити славеше над Саутемптон со 2-0, додека Евертон и Ипсвич ги поделија бодовите, играјќи 2-2.

  • Евертон - Ипсвич 2-2:

На отворањето на денот Астон Вила славеше над Фулам со минимални 1-0.