Продолжува трендот на силен раст на Македонски Телеком и во првoто полугодие на 2024 година

Објавено во: Економија 31 Јули, 2024 12:22
Нето добивката е во пораст од 7,4 проценти, а приходите од продажбата се зголемени за 2,5 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 5.965 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е благо намалена за 0,4 проценти споредено со минатата година.
Супериорно корисничко искуство и зголемување на базата на корисници
Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници во сите сегменти. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,3 проценти и изнесува 213 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,3 проценти. Базата на корисници се зголеми и во мобилните комуникации и достигна 1,3 милиони. Во фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со 230 илјади корисници.
Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците - Magenta Moments, достигнавме 190.277 корисници. Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме врвно корисничко искуство и многу повеќе од комуникациски услуги за комерцијалните и за деловните корисници.
Лидерство на ТВ пазарот со новата телевизија MagentaTV
Во однос на ТВ пазарот, ја зацрстивме лидерската позиција со удел од 35% од вкупниот ТВ пазар. Новата дигитална телевизија – MagentaTV станува сè попопуларна поради напредните карактеристики и иновативното ТВ доживување коешто им го нуди на корисниците. На крајот на првото полугодие од годината бројот на ТВ корисници се зголеми за 3 проценти, со што базата на корисници достигна 153,2 илјади.
Инвестиции и развој на најдобрата мрежа
Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа. Остануваме лидери во покриеност со оптика доследни на нашиот фокус на ширењето и инвестициите во оптичката мрежа и денес имаме 330 илјади пристапи до оптика, што е за 13,9% повеќе споредено со истиот период од претходната година. Нашата 5G мрежа продолжува да се шири и е достапна за 92% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите шест месеци од 2024 година изнесуваат 721 милион денари. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги.
Зголемување на дивидендата и дивидендниот принос
Успешните резултати на компанијата
доведуваат и до повисока дивиденда за акционерите. Бруто износот на дивидендата по акција за
2023 година е зголемен за дури 33% во споредба со исплатената дивиденда по
акција за 2022 година. Исто така, зголемен е и дивидендниот принос од акциите
за 26% во однос на минатата година и изнесува 6,7%. Цената по акција од почетокот
на 2024 година до крајот на првите шест месеци е зголемена за 6,9%.
Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство одат во
вистинската насока и се препознаени од корисниците.
Можеби ќе ве интересира
Директорка за човечки ресурси откри која грешка во CV-то може да ве чини скапо

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ: Минималната кошничка поскапела за 2.000 денари

Божиновска во теренска посета на ХЕ „Козјак“: Пример за стратешко инвестирање во обновливи извори на енергија

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Бобан Милошески - Авалон Продукција во „Бизнис Муабети“: На Брус Спрингстин и на Горан Бреговиќ не им се јасни новите трендови

Димитриеска Кочоска: Не е страшно да се надмине психолошката граница на задолжување

ЛИДЛ УШТЕ НЕ НИ ОТВОРИ ПРВА ПРОДАВНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА, А ВЕЌЕ СЕ „ШТАНЦААТ“ ЛАЖНИ ОБЈАВИ ЗА НАГРАДНИ ИГРИ: Од компанијата излегоа со важно соопштение

Народна банка проектира раст од 3 отсто за годинава, а кај инфлацијата се очекува натамошно забавување
