06 Август, 2025
0.0273

ТРЕБА ДА СЕ НАДОМЕСТИ И ШТЕТАТА НА БУЏЕТОТ: Стевчо Јакимовски доби затворска казна од три и пол години

Објавено во: Македонија 23 Април, 2025 16:05

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, доби затворска казна од три и пол години за злоупотреба на службената положба и бесправно градење. За истото дело, поранешен вработен во општината доби условна казна од две години. Пресудата е сè уште неправосилна, а Јакимовски најави жалба, тврдејќи дека е невин уште од самиот почеток на постапката.

„Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 157/21 против С.Ј. и Т.Ѓ., со која двајцата обвинети ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и ги осуди на начин што: С.Ј. се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години 6 месеци, додека Т.Ѓ. му изрече алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 години затвор која нема да се изврши доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело“, соопшти кривичниот суд.

Заради интерес на јавноста Судот објавува дел од пресудата.
 
„При денешната објава на пресудата за предмето со КОК бр. 157/21, Претседателот на советот ја изрази својата загрижност што оваа постапка трае повеќе од 6 години, како и дека за истото нема разумно оправдување.  Откако постапката почна одново, поради промена на Претседателот на советот, а како странките се согласија претходно изведените докази да бидат прочитани, за помалку од една година, овој предмет заврши во прв степен. Со оглед дека поради измените на Кривичниот законик во однос на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, застареа стотици предмети, а како Јавното обвинителство ја продолжи кривичната постапка против обвинетиот С.Ј, по наоѓање на овој суд не може да стане збор за продолжено кривично дело, бидејќи ниту временски, ниту пак според начинот и приликите на сторување може да стане збор за такво дело, па од тие причини судот донесе пресуда со која го одби обвинението од став I точка 1 и точка 2 од Усогласениот обвинителен акт, согласно член 402 став 1 точка 6 од Законот за кривична постапка, бидејќи кривичното гонење не може да се преземе поради застареност. Судот го прогласи за виновен обвинетиот С.Ј за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик за изградба на деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа, и за ова кривично дело му изрече казна затвор во траење од 1 – една година. Предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, судот ја изрече оваа казна. Имено според податоците, во овој суд досега се воделе 17 предмети за истото дело, од кои 8 се завршени со условни санкции. А само во два предмети се изречени затворски казни. Согласно член 244-а став 6 од Кривичниот законик, изградената недвижност деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа која се наоѓа на КП.бр.612 за КО Карпош, на ул.„Радика“ бр.9, Барака 1 и 2, се одзема во корист на Република С. Македонија. Судот го осуди обвинетиот С. Ј и за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в.со член 45 од Кривичниот законик, на казна затвор во траење од 3 – три години.  Со оглед дека на обвинетиот С.Ј му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, па за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Во изречената казна затвор на обвинетиот му се засметува и времето поминато во куќен притвор. Судот го осуди и обвинетиот Т.Ѓ, претходно вработен во Општина Карпош, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в. со член 45 од Кривичниот законик, и му изрече алтернативна мерка условна осуда, така што на овинетиот му утврди казна затвор во траење од 2 – две години и истовремено определи дека истата нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 – пет години од правосилноста на стори ново кривично дело“, се наведува во соопштението. 

Двајцата обвинети треба да ја надоместат и штетата на државниот буџет.  Јакимовски тврди дека ова е хајка против него. 

Јакимовски лани се најде на црната листа на американскиот Стејт Департмент. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна обуката на кандидатите кои сакаат да станат пожарникари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна обуката на кандидатите кои сакаат да станат пожарникари

Скопјани осум години му се заканувале на кумановец изнудувајќи 300.000 евра

Скопјани осум години му се заканувале на кумановец изнудувајќи 300.000 евра

Утре очекувајте нови врнежи од дожд

Утре очекувајте нови врнежи од дожд

Полицијата уапси кумановец кој сакал да внесе транспарент со навредлива содржина на кошаркарскиот натпревар

Полицијата уапси кумановец кој сакал да внесе транспарент со навредлива содржина на кошаркарскиот натпревар

Фатмир Дехари ќе трча за уште еден мандат во Кичево

Фатмир Дехари ќе трча за уште еден мандат во Кичево

„Кафана нема, ама затоа има чувство на општа правичност и финансиска сигурност“: Јана од Македонија е една од најуспешните архитектки во Швајцарија

„Кафана нема, ама затоа има чувство на општа правичност и финансиска сигурност“: Јана од Македонија е една од најуспешните архитектки во Швајцарија

OJO: Извршен e увид во Кавадарци – пронајден e починат маж, има сомненија за убиство

OJO: Извршен e увид во Кавадарци – пронајден e починат маж, има сомненија за убиство

Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Свети Јован Крстител“ во Аеродром

Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Свети Јован Крстител“ во Аеродром

Пожарникари од Велес спасувале мајка и дете од автомобил сред поплава

Пожарникари од Велес спасувале мајка и дете од автомобил сред поплава