Банкоматите имаат свои правила: Германците планираат нови граници за подигнување готовина

23. 06. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Банкоматите имаат свои правила: Германците планираат нови граници за подигнување готовина

Се планира нова горна граница за готовински исплати во Германија: во иднина, готовинските исплати ќе бидат дозволени само до 10.000 евра. Доказ за потекло на парите веќе е потребен за износи над 3.000 евра. А што е со банкоматите? Колку пари можат клиентите да подигнат во еден ден? И тука постојат ограничувања, но тие се разликуваат од банка до банка.

Кој е максималниот износ што може да се подигне од банкомат?

Нема универзално правило за тоа колку пари може да се подигнат дневно од банкомат. Секоја банка го одредува тоа самостојно – и дури и во рамки на иста банка, ограничувањата можат да се разликуваат според локацијата, пишува „Blic Biznis“.

На пример, Шпаркасе наведува дека нејзините клиенти во Берлин можат да подигнат до 1.000 евра дневно, додека во други филијали лимитот е само 500 евра. Клиентите често можат самите да го променат дневниот лимит – зголемувајќи го или намалувајќи го. „Некои банки дозволуваат подигнување до 25.000 евра“, вели Шпаркасе.

Во банки како Deutsche Bank, Postbank, DKB и ING Diba, клиентите можат да подигнат до 1.000 евра дневно. Во Volksbank е можно подигнување до 1.000 евра двапати дневно – вкупно 2.000 евра. Commerzbank дозволува до 2.000 евра дневно.

Поголеми износи? Најдобро преку шалтер

Важно: ако сакате да подигнете поголем износ готовина, најдобро е тоа да го направите директно на шалтерот во банката. Шпаркасе советува однапред да ја контактирате филијалата:

„Внимание: ако ви треба поголема количина готовина, јавете се однапред. Не секоја филијала секогаш располага со доволно готовина.“

Зошто постојат ограничувања?

Volksbank објаснува: „Лимитот за подигнување служи за заштита на клиентите – за да не можат измамници да им ги испразнат сметките. Секојпат кога ќе подигнете пари од банкомат, шалтер или каса, системот автоматски проверува дали е надминат дозволениот лимит.“

Покрај дневниот лимит, многу банки имаат и неделни и месечни ограничувања.

Различни правила за клиенти од други банки

Многу банки поставуваат посебни ограничувања за лица кои подигаат пари од банкомати, но не се нивни клиенти. „На многу банкомати, странски клиенти можат да подигнат само пониски троцифрени износи. Максималниот износ може да варира од банкомат до банкомат“, објаснува Volksbank, а пренесува Биз Портал.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата