Дванаесет американски сојузни држави го тужат претседателот Доналд Трамп поради неговите „огромни и постојано променливи“ глобални царини, тврдејќи дека тој незаконски го заобиколил Конгресот со тоа што вовел давачки врз основа на закон за економски вонредни состојби.
Во тужбата, поднесена во средата пред Судот за меѓународна трговија на САД во Менхетен, се тврди дека Конгресот не му дал на Трамп соодветни овластување за да ги наметне царините и дека националната трговска политика „сега зависи од волјата на претседателот, а не од разумна примена на неговите законски овластувања“.
Трамп, „ја наруши уставната рамнотежа и донесе хаос во американската економија“, се наведува во тужбата на групата што ги вклучува државите Њујорк, Илиноис и Аризона.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторник ќе ги намали прогнозите за економски раст
20.04.2025
Портпарол на Белата куќа ги критикуваше демократските функционери што ја поднеле тужбата, обвинувајќи ги дека „му даваат приоритет на ловот на вештерки против претседателот Трамп наместо да се фокусираат на заштитата на безбедноста и добросостојбата на своите граѓани“.
„Администрацијата на Трамп останува посветена на користењето на целосниот обем на своите законски овластувања за да се справи со јасните национални итни состојби со кои се соочува нашата земја - од нелегалната миграција и приливот на фентанил преку нашата граница до експлодирачкиот годишен дефицит во трговијата со стоки на САД“, наведе портпаролот на Белата куќа, Куш Десај, во писмена изјава.
Тужбата следува по неколку други - поднесени од Калифорнија, мали бизниси и членови на племето Блекфит во Монтана - кои тврдат слично. Со неа се бара судска наредба за запирање на царините, вклучувајќи ги и глобалните давачки што Трамп ги суспендира на 9 април. Сојузните држави тврдат дека царините претставуваат масовен данок за американските потрошувачи.
„Претседателот нема овластување да зголемува даноци по сопствена волја, но токму тоа го прави Доналд Трамп со овие царини“, изјави обвинителката на Њујорк, Летиција Џејмс. „Трамп вети дека ќе ги намали цените и ќе ги олесни трошоците за живот, но овие незаконски давачки ќе имаат спротивен ефект врз американските семејства“.
Тужбата се фокусира на користењето на Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби (International Emergency Economic Powers Act), на кој Трамп се повика при воведувањето на, како што е наведено во тужбата, „најштетните од неговите царини“.
Сојузните држави тврдат дека законот бил донесен пред пет децении токму за да се спречи злоупотреба на вонредни овластувања од страна на претседателите и дека може да се користи само како одговор на „невообичаена и вонредна закана“. Трговскиот дефицит и другите проблеми што ги наведува Трамп, според државите, не го исполнуваат тој критериум.
„Законското барање за постоење на ‘невообичаена и вонредна закана’ не е исполнето со изјавата на претседателот за вонредна состојба што ја придружува наредбата за глобални царини“, се наведува во тужбата. „Како што и самата наредба наведува, ‘годишните дефицити во трговијата со стоки на САД’ се ‘постојани’; според тоа, по дефиниција, тие не се ‘невообичаени и вонредни’“.
Тужбата доаѓа еден ден откако Трамп ја намали жестината на реториката за царините кон Кина - втората најголема економија во светот. Сепак, глобалните пазари остануваат напнати, имајќи предвид колку често Трамп ја менува својата позиција по ова прашање.
Покрај Њујорк, Илиноис и Аризона, тужбата ја потпишале и државите Орегон, Колорадо, Конектикат, Ново Мексико, Вермонт, Невада, Делавер, Минесота и Мејн.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...
„Наредив две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во соодветните региони, за секој случај ако овие глупави и провокативни изјави се нешто повеќе од тоа“, рече Трамп.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...