11.07.2025 11:13
Вести Македонија Топ вести

Каратистот Видевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

Боре Видевски, еден од обвинетите за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски негираше вина и било каква инволвираност во случајот. Вечерта пред  убиството на Жежовски имал слава, а сите наредни денови бил на работа. На 26 ноември вечерта со другиот обвинет Велибор Манев отишол во седиштето на партијата Десна, таму спиел, се разбудил утредента околу 10 часот откако веќе девојчето е грабнато и убиено.

Целото негово сведочење беше посветено на тортурата која ја приживел од моментот на апсењето и дека бил принуден да потпише изјава дека учествувал во трагичните настани.

На прашања на обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска зошто не се пожалил  во обвинителството и на суд дека бил тепан и не побарал лекарска помош Видевски одговори дека од страв молчел.

На работа кога пристигнувал или заминувал не се видентирал и одговори Видевски на обвинителката. Нема ни сведок што го видел дека тие денови бил на работа. Го праша и дали имал гости за славата, при што одговори дека биле само домашните.

Негираше и дека ноќта пред грабнувањето на Жежовски бил во дворот на Манев, иако низа видео снимки го докажуваат токму тоа. Се собирале во домот на Манев, бидејќи сакале да го одбранат менувањето на името на МПЦ и за таа цел собирале декларации и ќе вршеле литии.

Одбраната на Видевски во текот на целото судење иако имаше можност не повика ниту еден сведок за да ги поткрепи неговите тврдења.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНР побара извинување од Софија

Дејан Дејан

Бугарија го обвини Мицкоски за „непријателство“

Дејан Дејан

Триесет години од геноцидот во Сребреница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе