Спорт
Грег Попович повеќе не е тренер на Сан Антонио Спарс

Грег Попович, еден од најтрофејните тренери во историјата на НБА и долгогодишен стратег на Сан Антонио Спарс, официјално повеќе нема да биде главен тренер на оваа франшиза.
Веста денес ја потврди новинарот Шамс Чаранија. Тој нагласи дека Попович останува во клубот, но во улогата на претседател на Спарс. Со ова завршува неговата импресивна тренерска ера која траеше дури 29 сезони.
Попович веќе некое време отсуствува од клупата поради здравствени проблеми, а во последните месеци тимот го водеше неговиот долгогодишен помошник Мич Џонсон.
Одлуката да се пензионира Попович од тренерската позиција и да се посвети на позицијата претседател на клубот означува почеток на нова ера за Спарс, но и продолжување на влијанието на Попович врз иднината на франшизата преку стратешко лидерство.
Грег Попович е еден од најуспешните и највлијателните тренери во историјата на НБА.
Тој седна на клупата на Сан Антонио Спарс во декември 1996 година и остана таму цели 29 сезони, до мај 2025 година. Во тој период, тој ги предводеше Спарс низ 2.265 натпревари од регуларната сезона, остварувајќи 1.412 победи со 853 порази, што го прави најуспешен тренер според бројот на победи во историјата на НБА.
Под негово водство, Спарс играа во плејофот 22 последователни сезони (1998-2019), а пет пати ја освоија титулата во НБА (1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година).
Тој е познат по својата исклучителна способност за адаптација и развој на играчи. Во неговата ера, тој успеа да изгради династија околу ѕвезди како Тим Данкан, Дејвид Робинсон, Тони Паркер, Ману Џинобили, а подоцна и Каваи Леонард.
Попович беше прогласен за тренер на годината во НБА три пати (2003, 2012, 2014), а во 2023 година беше примен во Куќата на славните.
Покрај клупските успеси, тој ја предводеше и американската репрезентација, со која освои златен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Цела Франција му се потсмеваше, сега на новинарот масовно му се извинуваат

ПСЖ, во саботата, го декласира Интер во финалето на Лигата на шампионите и стана европски шампион за прв пат во историјата. Со победата во финалето, францускиот гигант заокружи совршена сезона во која ја освои тројната круна.
Играчите на ПСЖ, особено импресионираа во Минхен, со најубедливата победа во финалните натпревари во историјата на Купот/Лигата на шампионите. „Светците“ го победија Интер со 5:0.
Херој беше брилијантниот 19-годишник, Дезире Дуе, кој асистираше за првиот гол, а потоа ги постигна следните два за ПСЖ.
Денес, Дуе е апсолутна фудбалска сензација и еден од најбараните млади играчи во светот, а малкумина очекуваа таков настап од напаѓачот кој беше донесен од Рен минатото лето за 50 милиони евра.
Еден од оние што го предвидоа ова е новинарот на „Лекип“ и експертот на „Гардијан“, Филип Уклер.
На почетокот на сезоната, Уклер даде многу смело предвидување. Кога Килијан Мбапе се пресели во Реал Мадрид, новинарот инсистираше дека ПСЖ не изгубил премногу со заминувањето на нивниот најдобар играч.
Покрај тоа, во еден подкаст тој рече дека Дуе е поопасен, помлад и погладен и дека верува дека тимот ќе биде подобар со него.
Поради ова изјава, тој доби жестоки критики и навреди, па дури и навивачите на ПСЖ напишаа дека тој го кажува ова само за да служи како ПР на клубот.
"The luck is Mbappé went to Real Madrid."
"Désiré Doué is a more complete footballer than Mbappé was at the same age."
Philippe Auclair looks at how PSG have been transformed under Luis Enrique.
Indo Sport podcast: https://t.co/sCRy9Wiggd pic.twitter.com/1EUTGRd2DY
— Irish Independent Sport (@IndoSport) May 29, 2025
Дуе буквално експлодираше во својата дебитантска сезона во дресот на „светците“ со 15 гола и 16 асистенции во 54 натпревари.
Од нив, пет гола и четири асистенции во Лигата на шампионите, со особено импресивен беше неговиот настап во финалето.
Нешто помалку од една година подоцна, јасно е дека Уклер бил апсолутно во право, а тие предвидувања се паметат на социјалната мрежа „X“, каде што навивачите масовно се извинуваат и му оддаваат почит што предвидел дека сезоната на ПСЖ ќе има ваков тек.
Спорт
(Видео) Измамата не му успеа – Нејмар исклучен, Сантос поразен

Во 11-то коло од бразилската Серија А, Сантос загуби со 1:0 од Ботафого на домашен терен, а трагичар во поразот беше најголемата ѕвезда на Сантос, Нејмар.
Потегот на Нејмар од 76-та минута го одбележа натпреварот и на крајот веројатно беше главната причина зошто Сантос остана без бодови на домашен терен.
Имено, поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ ја турна топката во мрежата со рака во една ситуација. Сепак, судиите го забележаа тоа и Нејмар доби жолт картон. Бидејќи шретходно веќе беше опоменат, доби црвен картон.
Ботафого ја искористи предноста и победи со голот на Артуро во 87-та минута.
По 11 кола, Сантос е на 18-то место и, судејќи според почетокот на сезоната, го очекува тешка борба за опастанок во лигата.
Нејмар се врати во Сантос од Ал Хилал на почетокот на оваа година. Тој го напушти Сантос во 2013 година кога пристигна во Барселона во трансфер вреден 88 милиони евра, а подоцна беше купен од ПСЖ за 222 милиони, што е сè уште најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Neymar (Santos) disallowed goal vs Botafogo
byu/AMR42 insoccer
Спорт
Конзорциум од САД го презеде Ренџерс

Шкотскиот фудбалски великан, Глазгов Ренџерс има нови сопственици. Конзорциум од Соединетите Американски Држави, кој е сопственик и на НФЛ тимот Сан Франциско Фортинајнерс, го презеде управувањето со „полицајците“. Новото раководство презеде 51 процент од сопственоста, а сè беше потврдено откако Фудбалската асоцијација на Шкотска даде зелено светло.
Ендру Кавено станува ќе биде новиот претседател на клубот „Ајброкс“, додека Параг Марат, претседател на Лидс, ќе биде потпретседател на Ренџерс. Клубот веднаш нагласи дека оваа аквизиција не е дел мулти клуб модел, иако врските со Лидс се очигледни.
За крајот на јуни е планирано и вонредно Собрание, на кое ќе се потврди нова емисија на акции преку која американските инвеститори ќе инвестираат 20 милиони фунти, главно наменети за засилувања во обид да го симнат од тронот Селтик.
Дел од парите веќе се искористени за откуп на акциите на поранешните претседатели Дејв Кинг и Џон Бенет.
„Конзорциумот усвојува нова стратегија што ќе им даде приоритет на перформансите на теренот и финансиската одржливост“, соопшти клубот.
Во тој процес, Ренџерс ќе преминат од јавна во приватна компанија.