Еден-два победа на Мекларен на квалификациите во Барселона

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата на квалификациите пред трката за Големата награда на Каталонија која се вози во Барселона.

До пол-позицијата, Пјастри стигна со одлично возење пред својот клупски колега Ландо Норис, додека третото место на квалификациите му припадна на актуелниот првак Макс Верстапен.

Зад Холанѓанецот заврши Џорџ Расел, а најдобрата десетка ја комплетираа Хамилтон, Антонели, Леклер, Гасли, Хаџар и Алонсо.

Трката за ГН на Каталонија се вози во недела од 15:00 часот.