Луѓе сенки

16.10.2023 16:42

Има на светот мирни, добри луѓе
што низ животот нечујно и тивко газат
како со нозете да стапнуваат в памук;
нашите сетила не знаат тоа да го запазат,
на тивките нивни чувства да им уловат звук.

Има молчаливи страдалници на овој свет
што само уморно и горко им се насмевнуваат
на луѓето кои тешко ги рануваат,
и ги одминуваат невини, налик на цвет.

Има луѓе осамени и болни,
со образи воспалени и жолти,
што не им се слуша ни смеа ни плач,
што живеат како осамен див драч,
ама со боцките навнатре свртени,
ниедна никого да изгребе,
ниеднаш никого да прободе
освен само своето родено срце и себе.

Нив не ги гледа нашето око кога ги сретнува,
кога тивко поминуваат никого не сопираат,
тие никого ни со лакот не допираат,
во светската толпа нивниот лик на светнува.

И живеат тие така, нечујни и невесели,
лазејќи како сенки, како време и саати;
дури кога ќе умрат, кога свенале и се изабиле,
објавуваат црните посмртни плакати
дека и тие со нас живееле и биле.

Превод: П. В.

Александар Лешо Ивановиќ (Александар Лесо Ивановић, 1911-1965) - црногорски поет. За време на животот објавил само две книги со стихови. Во 2018 се објавени неговите Собрани дела во три тома.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото