Дембеле: Никогаш не знаеш дали повторно би стигнал до финале на ЛШ

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Интер вечерва ќе се сретнат во Минхен во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

Во Баварија, ПСЖ се бори за првиот трофејевропски првак, додека Интер досега три пати го креваше пехарот наменет за освојувачот на Лигата на шампионите.

Досега единственото финале на ПСЖ во Лигата на шампионите беше пред пет години, кога беа поразени од Баерн Минхен (0:-). Последната титула на ЕП Интер ја освои во 2010 година, а пред две години во финалето беше поразен од Манчестер Сити (0-1).

Дембеле, кој годинава е еден од кандидатите за „Златната топка говореше за целата сезона на францускиот шампион.

„Се чувствуваме многу горди што сме во финалето. Работевме многу, почетокот на сезоната не беше лесен. Исклучително е убаво да се биде овде во Минхен во финалето на Лигата на шампионите, бидејќи никогаш не знаеш дали ќе го доживееш тоа повторно“, изјави Дембеле. 

Се вчитува...