Државниот секретар на САД, Марко Рубио му честиташе денеска на лидерот на австралиските лабуристи, Ентони Албанезе, за неговата победа на парламентарните избори, повикувајќи го да ги „продлабочи“ врските меѓу двете земји.
„Соединетите Американски Држави со нетрпение очекуваат да ги продлабочат односите со Австралија, за заштита на нашите заеднички интереси и за промовирање на слободата и стабилноста во Индо-пацифичкиот регион и низ целиот свет“, се наведува во соопштението на Рубио.