Флик го откри тимот кој ќе „брка“ нова титула против Реал Мадрид

Барселона и Реал Мадрид доживеаја елимианција во разигрувањето за титула во Лигата на Шампионите па целиот фокус на славните шпански тимови е ставен на домашното првенство каде оваа недела се игра „Ел класико“ во кое може да биде одлучена и титулта доколку каталонците одново слават против големиот ривал.

Со оглед на предноста од четири бода на врвот на табелата, триумф на Барселона ќе ги донесе каталонците во пол-позиција за ново шампионско славје па тимот кој ќе се најде на теренот треба да даде се од себе за три бода. Интересно, Ханси Флик објави и кој ќе настапи коментирајќи ги повредите во тимот.

„Не верувам дека Балде и Левановски ќе играат од почетокот. Ќе добијат минутажа во второто полувреме. Џерар Мартин работи одлично. Шчесни ќе брани против Реал. Презадоволен сум од него и мислам дека и тој е среќен во Барселона“, изјави Флик.

Се вчитува...