29
Илјадници луѓе протестираа ширум САД поради неодамнешните постапки на американскиот претседател Доналд Трамп, објави АП.
Протестите наречени „50501“ (50 протести, 50 земји, 1 движење) се одржаа во време кога САД одбележуваат 250 години од независноста на таа земја.
Како причини за протестите, агенцијата ги наведува најновите активности на администрацијата на Трамп, вклучувајќи ги и напорите за намалување на бројот на работни места во американската администрација, како и активностите на Одделот за владина ефикасност (DOGE), на чело со милијардерот Илон Маск.