Мицкоски: Штабот на Десна бил во истиот објект во кој што Левица тврди дека поседува подрум

од Nikola Popovski
881 прегледи

На денешната собраниска седница, премиерот Христијан Мицкоски информираше дека новото партиско седиште на Левица не се да состои само од „подрум“ како велат од партијата. Според него, деловниот простор во Скопје има и приземје.

-Не ќе да биде само подрум. До каде оди целата работа? На ова место е регистриран локал односно Друштво за угостителство и услуги „Павилион“. Регистрирано е на истото место како и подрумот. Дури и си направиле профили кои се слични на профилот на една политичка партија. И кога малку ќе истражите и ќе ја извадите тековната состојба за регистрирањето, се јавува како сопственик лицето Зоран Ивановски. Тој се јавува како управител и менаџер и ја регистрирал фирмата која се занимава со дејности ресторани, но и дејности на интернетски портали. Тоа е подружницата од ова друштво. Само треба да го извадите списокот од Претседателството на Левица и ќе го видите под реден број 32 или пак во Управниот одбор на скопски Водовод, кажа Мицкоски од собраниската говорница.

Премиерот ја поврза ситуацијата со судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

-Ако ги слушате последните искази од случајот со Палевски и сведочењата, ќе чуете дека тие се среќавале во штабот на Десна кој што бил во објектот Опера Хаус, а објектот е токму овој овде за кој што денеска Левица тврди дека е подрум, рече тој и продолжи: „за другите детали нема да зборувам“.

Мицкоски од говорницата истакна дека овие работи ги кажува и да ги разоткрие неколкумина скапо платени таканаречени левичари кои со дејствувањето нанесуваат трајна штета на ткивото на македонскиот идентитет.

Слични содржини