Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесени двe обвиненија за ДВАЈЦА ДИРЕКТОРИ на „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 примиле непотребна терапија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поднесени двe обвиненија за ДВАЈЦА ДИРЕКТОРИ на „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 примиле непотребна терапија
МАКЕДОНИЈА

Поднесени двe обвиненија за ДВАЈЦА ДИРЕКТОРИ на „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 примиле непотребна терапија

Објавено May 22, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“ со која се опфатени шест лица и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор на Клиниката и четворица онколози, меѓу кои и еден поранешен директор.

„Првото обвинение се однесува на економското работење на болницата и опфатени се две лица- медицински директор и организациски директор на клиниката. Обвинети се за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата“, соопшти обвинителката Ана Гоговска Јакимовска.

Таа појасни дека делата ги извршиле во временски период од 2018 до 2022 година и прибавиле значителна имотна користи за друг од над 2,2 милијарди денари.

Медицинскиот директор помогнат од организацискиот директор извршил проневера во службата така што набавил лекови кои имал намера да ги присвои односно лекови кои фиктивно ги раздолжувал односно не ги аплицирал на пациентите во чие име ги раздолжувал.

Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица онколози меѓу кои и поранешниот директор кој е обвинет за тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни.

Гоговска – Јакимовска рече дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил неподобен начин на лекување односно давал лекови од новите генерации со што тешко го нарушил здравјето на пациентите

Докторите, пак, одредувале терапија со лекови од нови генерации во фази кога било очигледно дека пациентот нема да има ефект од лекувањето со отстапување од дозирањето со што дополнително ја влошиле нивната состојба.

Со вештачењето на медицинските извештаи кај 29 пациенти е утврдено несоодветно давање на терапија, други 16 пациенти непотребно примиле терапија, а девет пациенти деле зел од терапијата.

Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека за да се обезбеди непристраност, Обвинителството успеало да обезбеди две медицински вештачења од Словенија и од Србија кои се однесуваат на различни сегменти од лекувањето на пациентите.

Биле испратени 65 истории на онколошки пациенти и било потврдено дека во висок процент терапијата не била давана онака како што е предвидено во протоколите за овие болести.

„Истрагата обезбеди докази кои ги потврдија сомненијата дека на Онкологија се вршеле злоупотреби и проневери со скапата биолошка терапија“, рече Коцевски.

Тој изјави дека сака да ги увери пациентите дека и покрај констатираните кривични дела, на Клиниката за онкологија работат и чесни професионалци во кои треба да се има доверба.

Овој предмет мора да биде лекција за сите надлежни да се залагаат за унапредување на протоколите за работа на сите здравствени институции. Случајот покажува дека за жал состојбите во здравството кај нас се влошуваат“, рече Коцевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Филипче: Секое новороденче во следните 25 години ќе должи 6.000 евра
Следна Статија Просечната нето плата во март 44 763 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Снег во Струга

Студениот бран што денеска ја зафати Македонија со снег го покри брегот на Охридското Езеро. Попладнево интензивни снежни врнежи имаше…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФЗО: Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита

Во просториите на Владата се одржа панел-дискусија по повод историското зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита, што ги…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Во Службен весник денеска е објавен оглас за избор на кандидати од Република Македонија за судија во Европскиот суд за…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот…

March 19, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?