Унгарија го најде лекот за Холандија

Унгарија ја победи Холандија со 36-32, и како првопласирана од групата оди во следната фаза, и ќе пренесе три бодови, додека Холандија ќе пренесе два, освоени од дуелот со Македонија во еден контроверзен меч.

Вечерва Холанѓаните немаа толку досудени пенали за нив, а Унгарија со црвста одбрана и со ефикасен напад успеа да ги победи.

„Лалињата“ имаа подобар почеток и беа во предност, во еден момент и од три голови разлика, но после 11-11, Унгарија го презеде водството, и не го испушти до крајот на мечот.

Сепак, Унгарците не можеа да се одлепат повеќе од четири голови разлика, што на крајот беше и конечен резултат.

Бока и Лекаи беа најефикасни кај Унгарија со по шест гола, додека кај Холандија и воопшто на мечот Тен Велде беше најдобар со 10 голови.

Се вчитува...