Крсте Велкоски си замина од таборот на „лавовите“ од Ѓорче

Македонскиот фудбалер Крсте Велкоски во новата сезона ќе има нов клуб, затоа што си замина од редовите на Македонија Ѓорче Петров.

„Лавовите“ обезбедија промоција во Првата лига, по што ќе следи реконструкција на составот. 37-годишниот Велкоски не останува во Ѓорче Петров и понатаму. Стружанецот беше во клубот од 2024 година.

Крсте Велкоски важи за играч со богата биографија. Дома играше за Работнички, Металург и Македонија ЃП, додека во странство беше дел од Чеалул (Романија), Енозис (Кипар), Сарајево (БиХ), Инчон Јунајед (Јужна Кореја) и Након Ратчасима (Тајланд).