Овогодишниот мај посвеж и поврнежлив за разлика од изминатите неколку години!

Објавено на 30 април, 2025 во 08:33

Оваа 2025 година месец мај, во Македонија и во регионот, ќе биде просечно топол гледано по температурите, иако, повремено е можно и негативно отстапување од просечните со поладно време и со потпросечни температури, гласи прогнозата на метеопрогнозерот Славчо Поповски.

„Да не не изненади доколку и во мај се појават слаби утрински мразеви.

Што се однесува до врнежите, мај ќе биде поврнежлив месец за разлика од изминатите неколку години, односно очекувам надпросечно количество на врнежи. Исто така и развој на грмотевични облаци со порастат на услови за појава на поголеми временски непогоди со обилни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и електрични празнења. Можна е и честа појава на град.

Се на се, да бидеме подготвени за нови временски непогоди кои го очекуваат регионот, но и Македонија во текот на месец мај, додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.