Пари

Оди ли сѐ во прилог на доларот: Што ќе го движи курсот евро/долар?

Автор: Mihael Blažeković

9 јануари 2025, 06:21

Еврото ја почна годинава зајакнато во однос на доларот за 1,2 отсто

Што влијае врз јакнењето, а што врз ослабувањето на еврото во однос на доларот?

Очекуваме поголема нестабилност во односот евро/долар, особено на дневна основа

Оди ли сѐ во прилог на доларот: Што ќе го движи курсот евро/долар?

Bloomberg

Mihael Blažeković
Главен аналитичар

Изгледите Доналд Трамп да ги омекне своите планови за воведување царини на Европската Унија го зајакнаа еврото за околу 1,2 отсто годинава. Дополнително, повисоката инфлација во декември, која изнесуваше 2,4 отсто на годишна основа, укажува на потребата од претпазливост во однос на натамошните потези на ЕЦБ во 2025 година. Доколку инфлацијата не се придвижи кон посакуваното ниво од 2 отсто, ЕЦБ би можела да го прекине дополнителното намалување на каматните стапки (што во моментов не е наше основно сценарио), што би го поддржало зајакнувањето на еврото во однос на американскиот долар. Главен двигател на вкупната инфлација остануваат цените на услугите, кои пораснаа за 4 отсто на годишна основа, поттикнати од каскадното прелевање на растот на платите низ еврозоната, особено во земјите со недостиг од работна сила.

EURUSD:CUR

EUR-USD X-RATE

1,0306 USD

-0,00340 -0,33%

почетна цена

1,034

претходна цена на затворање

1,034

промена од почетокот на годината

-0,62780%

дневен опсег

1,03 - 1,04

опсег на 52 недели

1,02 - 1,12

Од фундаментална гледна точка, слабиот раст на западните земји од еврозоната и очекуваниот понизок раст на економијата од оној на САД одат во прилог на слабеење на еврото. Консензусно очекувањe e дека американската економија ќе порасне за околу 2,1 отсто во 2025 година, додека еврозоната би требало да порасне само за 1 отсто. Значи, малку е веројатна опцијата дека ЕЦБ ќе престане да ги намалува каматните стапки. Она што може да оди во прилог на еврото се селективните царини, односно Трамп да одлучува за одредени секторски тарифи, како воената индустрија или технологијата, што сепак ќе го намали притисокот врз еврото.

Сѐ на сѐ, остануваме на нашиот став за годинава (повеќе детали во нашите изгледи за 2025 година на Outlook EUR/USD 2025 Bloomberg Adria). За првиот квартал од 2025 година сè уште очекуваме притисок врз еврото кон паритет (1-1,05), со оглед дека  политиката на новиот претседател веројатно ќе добие појасна форма по 20.1.2025. За остатокот од годината предвидуваме стабилизирање на тензиите поврзани со царините и консолидација на редовите низ ЕУ.

Гледајќи напред, американската политика несомнено ќе игра доминантна улога во обликувањето на глобалните пазари следната година. Доколку САД избегнат наметнување царини за сите производи на ЕУ - или ги наметнат на пониски од очекуваните нивоа - еврото би можело да се врати назад кон нивото 1,08. Сепак, геополитиката е сè уште непредвидлива, особено кога во голема мера е водена од одлуките на еден поединец. Исто така, политичките несогласувања во Франција, Германија и Австрија вршат дополнителен притисок за слабеење на еврото, со оглед на тоа што станува збор за големи економии на Европската Унија. Како резултат на тоа, очекуваме поголема нестабилност во односот ЕУР/УСД, особено на дневна основа, во зависност од насоката на американската фискална и царинска политика, но и од развојот на ситуацијата поврзана со Украина.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Што значи заострувањето на трговските односи меѓу ЕУ и САД за еврото?
Пари

Што значи заострувањето на трговските односи меѓу ЕУ и САД за еврото?

На лошата перспектива на еврото влијае и веќе ослабената економија во еврозоната, која е повлечена во црвено пред се од политичките и економските кризи во двете најголеми економии во регионот, Германија и Франција.

04.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите