Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици, имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка те охрабрува да се придружиш на нивното семејство и заедно со нив секојдневно да ги живееш нивните корпоративни вредности!
Што ќе биде твојата улога?
- Одговорност за ефикасно обезбедување, инсталација/конфигурација, операционализација и одржување на системскиот хардвер и софтвер и за соодветната инфраструктура;
- Одговорност за серверски (оперативни) системи, системи за складирање на податоци, серверски апликации, системи за бекапирање, телефонски системи, (мобилна и фиксна телефонија), системи за заштита на податоци и останати ИТ системи;
- Одговорност за извршување на дневен мониторинг на системот и потврда на интегритетот и достапноста на целиот хардвер, серверски ресурси, системски и клучни процеси, преглед на системските и апликациските технички записи и потврдување на извршувањето на закажаните постапки како што е бекапот;
- Одговорност за извршување на редовен безбедносен мониторинг со цел идентификација на евентуални упади;
- Одговорност за извршување на дневни бекап операции, осигурувајќи дека сите потребни системски фајлови и системски податоци се успешно копирани на соодветен резервен медиум и доставени;
- Инсталација на нов / доградба на постоечките сервери и конфигурација на хардверот;
- Инсталација и конфигурирање на системи кои се дел од инфраструктурни апликации.
Кои квалификации се потребни?
- ВСС, Акредитирани високо образовни институции во РСМ,
- Најмалку 3 години работно искуство во областа на информационата технологија ќе се смета за предност;
- Познавање на методи и техники за администрација, управување со проекти и администрација, познавање на банкарско работење и релевантни информациони технологии и Microsoft сертификати ќе се сметаат за предност;
- Англиски – солидно познавање, читање и пишување.
Шпаркасе Банка те охрабрува да ја искористиш оваа можност и да аплицираш на отворената позиција со испраќање на CV и мотивационо писмо на: kariera@sparkasse.mk, заклучно со 17.06.2024 со назнака „Апликација за САМОСТОЕН СОРАБОТНИК – СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР “.
Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.
Шпаркасе Банка ве замолува за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.
За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.
ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА!
Банки
Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.
Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност.

Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.
И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%).
Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.
До објавените податоци може да пристапите на следнава врска: Платежна статистика на Народната банка.
Банки
Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност.
Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство.

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените.
Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Банки
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.
- Банкипред 2 недели
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
- Продуктипред 1 месец
Почни го летото со премиум поволности и поголеми бонуси со Visa Gold и Visa Classic од Комерцијална банка
- Продуктипред 1 месец
Финансиска поддршка на дофат: потрошувачки кредит за сè што не може да чека
- Продуктипред 3 недели
Халкбанк овозможува кредит целосно онлајн, без шалтер и документација
- Продуктипред 1 месец
ProActive – сметка што води сметка за вас и за сѐ околу вас
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Штедилница Можности
- Интервјуапред 1 месец
Интервју | ЕЛЕНА ПЕТРОВА: УЈП мора да биде сервис кој граѓаните и фирмите ќе го доживуваат како партнер, а не како товар
- Банкипред 2 месеци
ТРАЈКО СЛАВЕСКИ НА ЧЕЛО НА МОНЕТАРНАТА ВЛАСТ: Кој е новиот гувернер на Народната банка?