Не е едноставно да се направи спој на облека која истовремено е лесна за носење, а е доволно впечатлива и интересна. Но, очигледно на Викторија Бекам тоа ѝ оди од рака.
Тоа го прикажа и во новата ресорт колекција 2024, каде повторно успешно ја употреби формулата – креирам она што носам.
Дека може да се биде секси и во широка кошула, дека џинсот може постојано и одново да биде возбудлив и покрај тоа што е модна класика, дека деталите прават чуда...
Сите овие референци Бекам умешно ги применува во својата работа, воедно и во новата колекција.
Кога бизнис облеката станува бескрајно елегантна и обратно кога женственоста се трансформира во моќ и доминација, изведено преку игра со асиметрични кроеви, контраст меѓу предимензионирани и припиени силуети, а на крај избран совршен накит и максимално големи чанти како пречекорување на онаа линија на очекуваното, со што целата колекција добива уште повозбудлив сет.