06 Јули, 2025
0.0287

(ВИДЕО) ЕДЕН ПАТНИК ЈА ПРЕЖИВЕА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Насекаде имало тела, станал и почнал да бега

Објавено во: Свет 12 Јуни, 2025 18:26

Добивај вести на Viber

Eден човек ја преживеа авионската несреќа во Индија. 

„Авионот на „Ер Индија“, кој се урна во Ахмедабад кратко по полетувањето, превезуваше 242 патници, а еден патник преживеа“, изјави началникот на полицијата, Г.С. Малик, пренесоа повеќе медиуми.

Станува збор за британски државјанин кој седел на седиштето 11A во авионот Боинг 787-8 Дримлајнер, објави Би-Би-Си.

За индиската новинска агенција АНИ, Малик изјавил дека преживеаниот „се наоѓа во болница и е на лекување“.

Претходно објавената листа на патници, која ја споделија властите, укажува дека станува збор за патникот Вишваш Кумар Рамеш.

Индиските медиуми пишуваат дека разговарале со Вишваш во болницата. Тој ја покажал својата карта за чекирање, на која се гледа неговото име и бројот на седиштето 11A.

„Триесет секунди по полетувањето се слушна силна бучава и потоа авионот се сруши. Сè се случи многу брзо. Кога станав, околу мене имаше тела. Бев преплашен. Станав и почнав да бегам. Имаше парчиња од авионот насекаде околу мене. Некој ме фати, ме стави во возило на брза помош и ме однесе во болница“, рекол Рамеш, пренесе Скај њуз.

Според  локалните власти, досега се пронајдени најмалку 204 тела на местото на несреќата.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА МУ ВРТАТ ГРБ НА ПИВОТО: Рекорден пад на продажбата од почетокот на годината, угостителите во проблеми

ПОТРОШУВАЧИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА МУ ВРТАТ ГРБ НА ПИВОТО: Рекорден пад на продажбата од почетокот на годината, угостителите во проблеми

ПОПЛАВИ ВО ТЕКСАС: Бројот на жртви надмина 50, потрагата по десетици исчезнати кампери продолжува

ПОПЛАВИ ВО ТЕКСАС: Бројот на жртви надмина 50, потрагата по десетици исчезнати кампери продолжува

Илон Маск „против“ политичкиот поредок во САД: Ја основал „Американската партија“ и му објавил војна на дуополот!

Илон Маск „против“ политичкиот поредок во САД: Ја основал „Американската партија“ и му објавил војна на дуополот!

ИМАТЕ ПРАВО ДА ЗНАЕТЕ ШТО ТОЈ МИСЛИ: Такер Карлсон го интервјуирал претседателот на Иран

ИМАТЕ ПРАВО ДА ЗНАЕТЕ ШТО ТОЈ МИСЛИ: Такер Карлсон го интервјуирал претседателот на Иран

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорот на детски камп

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорот на детски камп

Десет години затвор доби францускиот гинеколог и доживотна забрана за работа поради силување пациентки

Десет години затвор доби францускиот гинеколог и доживотна забрана за работа поради силување пациентки

ПО СТО ГОДИНИ ПЛИВАЊЕТО ВО СЕНА Е ПОВТОРНО ДОЗВОЛЕНО - Властите отворија три базени, влезот е бесплатен, но има еден услов (ВИДЕО)

ПО СТО ГОДИНИ ПЛИВАЊЕТО ВО СЕНА Е ПОВТОРНО ДОЗВОЛЕНО - Властите отворија три базени, влезот е бесплатен, но има еден услов (ВИДЕО)

ХОРОР ВО ТЕКСАС - ПОПЛАВЕН КАМП СО ДЕВОЈЧИЊА: досега пронајдени 24 жртви, уште 20 девојчиња се водат како исчезнати (ВИДЕО)

ХОРОР ВО ТЕКСАС - ПОПЛАВЕН КАМП СО ДЕВОЈЧИЊА: досега пронајдени 24 жртви, уште 20 девојчиња се водат како исчезнати (ВИДЕО)

Уште една туристичка дестинација ги ограничува посетите: Само 6.000 луѓе дневно ќе можат да допатуваат

Уште една туристичка дестинација ги ограничува посетите: Само 6.000 луѓе дневно ќе можат да допатуваат