Connect with us

Фудбал

Го регистрираа „пет до 12“, а откако со Барселона го освои првиот пехар сезонава, Олмо со емотивна порака (ВИДЕО)

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо многу емотивно го издржа тешкиот период, а на крајот се добро заврши за него и со својата Барселона го освои шпанскиот Суперкуп. Фудбалерите на Барселона  во финалето на шпанскиот Суперкуп го совладаа Реал Мадрид со 5:2, освојувајќи ја рекордната 15-та титула во ова натпреварување.

Сите во Барселона топло го прославија освојувањето на новиот трофеј, но никој не беше толку емотивен како Дани Олмо, кој го минуваше најтешкиот период во кариерата. Барселона долго време не можеше да го регистрира, па тој беше привремено отстранет од списокот на играчи на официјалната веб-страница на Ла Лига. Сепак, неколку часа пред почетокот на полуфиналето на Суперкупот против Атлетик Билбао, Олмо добил одлука од судот дека може да игра.

Иако можеше да го напушти клубот како слободен играч, Олмо истакна дека Барселона е единствената опција, а тоа го покажа уште еднаш вечерва. По освојувањето на трофејот сите му пријдоа, а Олмо со својот потег покажа дека каталонскиот клуб секогаш бил единствената опција.