ФФМ ја укина двегодишната суспензија за Алпер Потук од Гостивар

Фудбалерот на ФК Гостивар, Алпер Потук, на социјалните мрежи објави дека Фудбалската федерација на Македонија ја повлекла двегодишната суспензија која му беше изречена по напуштањето на теренот за време на мечот со Работнички. 

Капитенот на веќе исклучениот тим од ПМФЛ се жалеше до арбитражната комисија на ФФМ, која ги зеде предвид неговите аргументи и ја повлече индивидуалната суспензија за искусниот турски интернационалец со богато портфолио. 

Гостивар беше исклучен од лигата после инцидентот на мечот со Работнички и автоматски е преселен во најнизок ранг на натпреварување.