• Саше Љолес
Генералното собрание на Евролигата и нејзините клубови кои се косопственици на натпреварувањето, официјално ги потврдија сите учесници за сезоната 2025/26.
Официјално е потврдено учеството на екипата на Дубаи, која добива петгодишна „вајлд-карта“, додека истото важи за Црвена Звезда, Партизан, Валенсија и Виртус Болоња, кои добија тригодишна „влезница“ за елитата.
Останати тимови кои ќе учествуваат следната сезона се Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Олимпија Милано, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Хапоел Тел Авив, Асвел, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз Баскет, Реал Мадрид и Жалгирис Каунас.
Покрај „вајлд-картите“ за гореспоменатите клубови, во тек се преговори и со управата на Париз Баскет, која неколку пати изрази голема желба за подолгорочен престој во елитното натпреварување.
Почетокот на новата сезона во Евролигата е закажан за 30 септември годинава. Актуелен европски шампион е екипата на Фенербахче.