„360 Степени“ објави дел од имињата кои утрово се уапсени во врска со трагедијата во Кочани

Уште четири лица се приведени во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 61 лице.

Како што  пренесува 360 Степени, приведени се ексминситрите Ваљон Сарачини кој раководел со Министерството за економија од 2011 до 2014, односно моментите кога „Пулс“ првпат добива дозвола во 2012 година. Потоа, уапсен е и неговиот наследник Беким Незири, во чие време исто така дискотеката работела.

Освен нив, приведени се и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу кој сега е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, како и моменталниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кој доаѓа од редовите на Вреди.

„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани.

Надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“, велат од Обвинителството.

Претходно осомничени беа 17 лица, од кои три добија куќен притвор, другите се во ефективен притвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде