КАЗНИ ДО 12 ИЛЈАДИ ЕВРА, РАЈНЕР ПРЕДУПРЕДУВА! Непристојното однесување во авион, скапо ќе го платите

Објавено во: Финансии 13 Јуни, 2025 08:32
Ирската авиокомпанија „Рајанер“ објави дека ќе им наплати на патниците кои се отстранети од авион за нивното однесување минимум 600 евра, објавија британските медиуми.
Како што изјави оваа најголема европска компанија, ова ќе бидат минимални казни, а патниците кои се отстранети од лет поради „неприфатливо однесување“ исто така ќе треба да платат надомест, објави „Гардијан“.
Компанијата изјави дека се надева дека оваа нова политика ќе придонесе за елиминирање на несоодветното однесување од патниците.
Патниците кои се груби, агресивни или пијани можат да го нарушат летот, а во најекстремните случаи, да претставуваат ризик за безбедноста на авионот, како и да доведат до негово пренасочување.
Според компанијата, која превезла повеќе од 200 милиони патници во периодот 2024-25 година, ваквите инциденти се изолиран феномен што им се случува на сите авиокомпании и се предизвикани од мал број груби патници.
Патниците кои предизвикуваат проблеми би можеле да се соочат со висока казна, кривично гонење, па дури и затворски казни, според „Гардијан“.
Управата за цивилно воздухопловство (CAA) соопшти дека на таквите патници би можело да им се наплати и трошокот за пренасочување на нивниот лет, кој лесно би можел да надмине 11.791 евра.
Оние кои ќе бидат прогласени за виновни за пијаност во авион би можеле да се соочат со максимална парична казна од 5.895 евра и до две години затвор, додека патниците кои ќе предизвикаат посериозно дело и ќе го загрозат авионот би можеле да се соочат со до пет години затвор.
Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, претходно побара ограничување од два пијалоци за патниците на аеродромите, со цел да се помогне во спречувањето на зголемувањето на несоодветното однесување во авионите.
Б92Можеби ќе ве интересира
Гувернерот Славески на состанок со банките им порача да ги намалат цените на платежните услуги

СЕМЕЈСТВОТО ПЕЦОВСКИ ЈА ЗАСИЛУВА ПОЗИЦИЈАТА ВО „РЕПЛЕК“ - еве кој друг купи акции од компанијата

ЦЕНАТА НА НАФАТА „СЕ СТОПИ“ - сега е поевтина отколку што беше пред конфликтот меѓу Иран и Израел
ВРАБОТЕНИТЕ ВО АЦВ СО НОВ РАСТ НА ПЛАТИТЕ – еве колку достигнуваат примањата во оваа престижна институција
ЕВЕ КОИ ЧЕТИРИ БАНКИ СЕ ВПИШАНИ НА ЛИСТАТА НА СЕПА - три големи и една средна домашна банка од октомври почнуваат со трансфери

БЕНЗИНЦИ, ДИЗЕЛИ ИЛИ ЕЛЕКТРИЧНИ, КОИ ВОЗИЛА НАЈЧЕСТО СЕ РАСИПУВААТ? Голема студија, анализирани 30.000 автомобили - одговорот може да ве изненади

ШОК ЗА ТУРИСТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Казна од 1.000 евра за една „ситница“, но и цените ќе ве изненадат
КОЛКУ ЗАРАБОТУВА ПРОСЕЧНИОТ ШВАЈЦАРЕЦ? Нема зима за работниците во оваа земја

НЕ ПРЕПОРАЧА НИТУ ЕДНА ЗЕМЈА ОД БАЛКАНОТ: Блогер за патувања го посети Балканот, и наведе каде повеќе не би стапнал - „Цените вртоглаво растат“
