Хаос во српското собрание, чадни бомби, факели, тепачки – повредени три пратенички

4. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во српското собрание, чадни бомби, факели, тепачки – повредени три пратенички

 Министерот за здравство Лончар потврди дека таа е примена на интензивна нега на Ургентниот центар каде и е укажана помош.

-Таа е во прилично сериозна состојба, доживеа мозочен удар. По втор пат ја прекинуваме дијагностијата тоа е поради нејзиниот висок притисок кој оди над 200, не можеме да ја завршиме целосно дијагностиката затоа што едноставно не реагира на целата терапија.- – Златибор Лончар – Министер за здравје на Р. Србија

pic.twitter.com/SHzHaAs9u0

Развиорија транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да падне режимот“ и држеа српско знаме.

На ургентен пратеничката Обрадовиќ ја посети и српискиот претседател Александар Вучиќ за што објави фотографија на социјалните мрежи како и преимерот во оставка Милош Вучевиќ кој подоцна случувањата во собранието ги нарече политички теороризам од страна на опозицијата.

-Помирно беше на дербито помеѓу Зведа и Партизан отколку што денес беше на заседанието на Народното собрание. Секако се поставува прашањето како тие сето тоа го внесоа, каква е таа организација како им успеа се да внесат. – Милош Вучевиќ – Премиер во оставка

Во белградската градска болница е пренесена и пратеничката Соња Илиќ каде и се следи состојбата, таа е во осмиот месец од бременоста а на која и се слошило за време на немирите во народното собрание. Лекари интервенирале и за повредите на пратеничката Јасмина Каранац откако била удрена во главата.

Хаосот во српското собрание настана по жестоката расправа околу дневниот ред на седницата по што во салата се фрлаа димни бомби, јајца и шишиња а имаше и туркање помеѓу пратениците.

Опозициските пратеници запалија црвени димни бомби, додека во салата можеше да се забележи и црн и бел чад. Развиорија транспарент на кој пишуваше „Србија се крева за да падне режимот“ и држеа српско знаме.

pic.twitter.com/iALcpVk47S

Повредена била и пратеничката Јасмина Каранац откако била уредна во главата, а како што кажа Брнабиќ на пратеничката Јасмина Обрадовиќ и се слошило откако доживеала мозочен удар, екипата на Брзата помош веднаш реагирала и е во животна опасност.

Пред инцидентите во српското собрание опозициските пратеници инсистираа останатите точки да бидат тргнати од дневен ред освен една.

Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ инсистираше Собранието да продолжи со работа.

-Ваква Србија никогаш нема да победи.  Нема да не запрете никогаш, никогаш нема да не запрете. Миленичиња на Албин Курти, ова го правеше Албин Курти го правите и вие. – Ана Брнабиќ – Претседател на Собрание на Р. Србија

Пред инцидентите во српското собрание опозициските пратеници инсистираа останатите точки да бидат тргнати од дневен ред освен една.

-Сметаме дека единствена точка на дневен ред треба да биде првата која е предложена и која се однесува на исполнување на четвртото студентско барање и сите останати треба да бидат тргнати од дневниот ред. – Мариника Тепиќ – Партија за слобода и правда

Но откако овој предлог не помина и беше изгласан деневен ред со повеќе точки, меѓу кои и оставката на премиерот Вучевиќ, започнаа инцидентите. Во собраниската сала има силно обезбедување а по смирувањето на тензиите седницата продолжи. Основното јавно обвинителство на Белград отвори истрага и нареди прибирање на докази.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата