Прв меч по трагедијата во Кочани: Осогово настапи со посвета

Екипата на Осогово го игра првиот домашен натпревар по трагедијата која го зафати Кочани кога во ноќен клуб во пожар загинаа 59 лица, а преку 200 беа повредени.

„Жетварите“ се на терен против Македонија ЃП која е лидер во Втората лига, а пред мечот имаше емотивен момент и посвета.

Сите играчи од домашниот табор излегоа со маици на кои беа двајца навивачи и членови на клубот Томас Златков и Александар Стојанов кои загинаа во трагедијата.

Пред мечот и Македонија ЃП направи голем гест. Управата на „лавовите“ положи цвеќе во чест на загинатите млади лица во една од најголемите трагедии во историјата на Македонија.