Шпанија
Гути со критики за Јамал: Тоа може да го прави на Ибица, но не и кога е во репрезентацијата

Шпанија загуби на пенали во финалето на Лигата на нации, а поранешниот репрезентативец Гути ги коментирал случувањата на мини турнирот во популарната емисија „Ел Чирингито“.
Гути ги анализирал случувањата на натпреварите на „црвената фурија“, но решил да го критикува Ламин Јамал поради еден потег направен во пресрет на финалето со Португалија.
Ѕвездата на Барселона се појавила на прес-конференција со капа свртена наопаку, нешто што очигледно го изиритирало Гути.
– Не ми се допаѓа што Ламин се појави со капа свртена наопаку на официјална прес-конференција. Може да прави што сака во приватниот живот, но не и во клубот и репрезентацијата.
– Мислам дека ова е првпат да видам фудбалер со таков детаљ, воопшто не ми се допадна затоа што ја претставува шпанската репрезентација. Така може да се однесува кога ќе оди на Ибица.
– Сепак тоа не е негова вина, туку вина на луѓето што се околу него и не му кажале дека не смее да го прави тоа, – рекол Гути.
-
Шпанија17 часа
Четвртото летно засилување носи дилема за Чаби: Еден играч мора да си замине
-
Италија18 часа
Јувентус договори исплата за Консеисао на четири рати, па испрати нова понуда за Санчо
-
Англија19 часа
Клоп: Немам идеја на која позиција ќе игра Вирц во Ливерпул
-
Италија15 часа
Модриќ изненади млад фан на Милан, видеото стана вирално на социјалните мрежи
-
Германија18 часа
Поранешен фудбалер на Баерн: Барселона ги третира своите играчи како стока
-
Шпанија14 часа
Официјално: Реал Мадрид утре ќе ја испрати тивката легенда од првиот тим (Фото)
-
Англија19 часа
Ширер отпиша една ѕвезда која до ова лето беше недопирлива за Мареска: Деновите му се избројани
-
Репрезентација11 часа
Андоноски: Подготвени сме да го понесеме товарот