Радио Милева автофагија

Владо Георгиев десет дена „штрајкува“ со глад (фото)

Владо Георгиев десет дена „штрајкува“ со глад (фото)

На Владо Георгиев деновиве е на голема мака, а се чини дека воопшто не му оди лесно.

Имено, Владо Георгиев одлучил да не јаде храна 10 дена, за да го исчисти телото од токсини. Поради оваа причина, Георгиев последните денови е на строга диета која подразбира целосно исфрлање на храната.

Пејачот внесува само течност во телото, а за целиот процес секојдневно ги ажурира следбениците на социјалната мрежа Х.

Иако првично најави дека овој процес не му претставува проблем, дека има енергија и се чувствува одлично, сега призна дека не секогаш било се така одлично и прекрасно. „223 час господа. Целта е 240 часа, што е полни десет дена без храна, само на вода, чаеви и еспресо.

Признавам, вечерва првпат имав непријатна сензација (забрзано чукање на срцето, слабост). Утре одлучувам: понатаму или  на 240 часот“, напиша Георгиев.

Да потсетиме, Владо Георгиев на 1 април започна штрајк со глад, познат и како автофагија.

фото: printscreen/instagram

To top