ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Тврдењето дека мнозинството од СДСМ е за предвремени избори е спин

January 9, 2023 13:35
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Освен една изјава на Мицкоски од 29 декември 2022 година, дека „имал сигнали од пратеници на СДСМ и на ДУИ“ за формирање мнозинство од 61 пратеник за распуштање на Собранието и распишување предвремени избори, нема од ниту едно друго место некаква поткрепа или аргумент кој би зборувал во насока дека „мнозинството во СДСМ, членови, министри и дел од пратеници заговараат избори бидејќи не гледаат излез од ќорсокакот…“ Оттука ваквото тврдење на партијата може да се оцени како спин, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост.

Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое се тврди дека мнозинството од партијата на власт сака предвремени избори, може да се детектира спин:

Спин: Две кариери, онаа на Димитар Ковачевски и таа на Миле Зечевиќ ја држат Македонија во заложништво. Тие знаат дека предвремени избори ќе значат крај на нивните криминални кариери, и почеток на промените за посигурна иднина на Македонија.

Дури и мнозинството во СДС, членови, министри и дел од пратениците заговараат избори бидејќи не гледаат излез од ќорсокакот во кој раководството на СДС, Ковачевски и Зечевиќ, ја втурнаа државата. Додека сите очекуваат избори, Ковачевски не сака избори, за да продолжат тендерите и бизнисите на фирмите на неговиот кум, бизнисите на неговото најтесно семејство.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ/соопштение/веб; Датум: 04.01.2023]

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ на 04.01.2023 година искомуницира со јавноста преку соопштение во кое се тврди дека освен претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и генералниот секретар на таа партија Миле Зечевиќ, мнозинството од СДСМ, членови, министри и дел од пратениците биле за избори – тврдење кое е извртување на вистината т.е. спин.

Партијата тврди дека ова мнозинство, за коешто зборуваат, е за избори, бидејќи „не гледаат излез од ќорсокакот во кој раководството на СДС, Ковачевски и Зечевиќ, ја втурнаа државата“.

Ваквото тврдење е непоткрепено во однос на фактите што се достапни во јавноста, пред сè, затоа што не постои ниту едно релевантно поткрeпено истражување, анализа, анкета или што било, на пример една, две, три изјави, што би покажале дека можеби навистина мнозинството од партијата на власт биле за предвремени избори, а дека само споменатите двајца функционери од СДСМ се тие што ги кочеле. Ова особено важи во делот кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за мнозинството во СДСМ – членови и министри.

ВО СДСМ, веројатно како во секоја друга партија постојат внатрешни несогласувања и триења, така да ги наречеме, меѓу разните кругови на функционери на партијата разместени во телата – Извршниот одбор, Централниот одбор, потпретседателите на партијата, итн. Од време на време, во јавноста ќе се појави некоја таква полуинформација кога заседавале овие тела, но никогаш не била потврдена некоја толку голема кавга или неусогласеност што би водела кон заклучокот што во форма на тврдење го пласира ВМРО-ДПМНЕ. Последна таква информација се појави во Плусинфо, каде што според извори на медиумот, при крајот на декември 2022 година имало таков состанок во седиштето на СДСМ, каде што дошле поранешниот претседател и премиер Зоран Заев и пораншниот министер за здравство Венко Филипче. Предложиле план што би бил во полза на иднината на партијата, по што дошло до несогласување и расправа со присутните, а сето тоа било дел од планот на Заев за пуч во СДСМ и за уривање на Ковачевски. Иако неколку други медиуми меѓу кои и Сител, ја пренесоа оваа информација од споменатиот портал, немаше никакви нови сознанија околу ваквото тврдење коешто се базира само на изворите на медиумот во СДСМ и во ДУИ.

Така што,  и покрај оваа единствена информација во таква насока, факт е, дека нема поткрепени и аргументирани сознанија за тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека „мнозинството од СДС е за предвремени избори“.

Оттука, многу е веројатно дека денешното тврдење на ВМРО-ДПМНЕ најверојатно е во функција на поткрепа на една изјава што ја даде нејзиниот лидер Христијан Мицкоски пред самиот крај на 2022 година, дека има сигнали од пратеници на СДСМ и на ДУИ кои би подржале формирање од 61 пратеник за распуштање на Собранието во 2023 година и дека годинава ќе има предвремени избори. Но, кога се има предвид оваа изјава, не треба да се заборави дека Мицкоски, кој лицитираше со евентуално распуштање на Собранието на крај од јануари или февруари, додаде дека:

Тогаш ќе биде поизвесно дали ќе имаме силни сигнали и дали овие сигнали ќе бидат и во пракса испорачани…(50 сек. од видеото).

Имајќи ги предвид погоре изнесените аргументи, може да се оцени дека тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека „дури и мнозинството во СДС, членови, министри и дел од пратениците заговараат избори бидејќи не гледаат излез од ќорсокакот во кој раководството на СДС“…, е спин.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕконтраспинпредвремени избори

НАЈНОВО

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

САД префрлаат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток

June 17, 2025

Почина новинарот Владимир Лапе

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk