Ковач: Ваква Борусија сакам

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач изрази здоволство од победата на својот тим синоќа против Лил и пласманот во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.

„Милионерите“ после оние 1-1 од Дортмунд, и негативата по првиот дел на реваншот во Лил, набрзина постигнаа два гола, го свртеа натпреварот во своја корист, и на крај славеа триумф.

„Ова беше одличен натпревар за мојот тим, победивме повеќе од заслужено. Доминиравме во текот на сите 90 минути. Дури и кога примивме гол рано, се справивме со ситуацијата. Ова е токму она кое го сакам и кое ми се допаѓа. И кое го очекувам од мојот тим. И уште подраго ми е што победата доаѓа после еден непријатен пораз на домашен терен. Можевме на крај да постигнеме и повеќе голови. Едноставно не му дозволивме на противникот да го игра својот фудбал“, изјави Ковач.

Се вчитува...