Времето денеска
наутро ќе биде студено со појава на магла, а преку денот сончево со мала до
умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а
максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје наутро
студено со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност.
Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6
степени.
Како што
информира УХМР, во следните денови ќе преовладува стабилно време со позитивни
дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури
насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. По
котлините ќе има појава на магла и во долините со магла дневните температури ќе
остануваат пониски. Од понеделник се очекува зголемување на облачноста