Во Јапонија на аукција продадена црвена туна за речиси 1,3 милиони евра

„Се верува дека првата туна носи среќа“, изјави за новинарите директорот на ресторанот Шинџи Нагао по аукцијата. „Нашата желба е луѓето да ја јадат туната и да имаат прекрасна година“, додаде тој.

Црвената туна беше продадена во Јапонија за речиси 1,3 милиони евра за време на традиционалната новогодишна аукција на туна во Токио. Престижниот суши ресторан Onodera Grup, кој има Мишеленова ѕвезда, плати 207 милиони јени (околу 1,28 милиони евра) за туна тежка 276 килограми, уловена во Оми, во северната провинција Аомори.

„Се верува дека првата туна носи среќа“, изјави за новинарите директорот на ресторанот Шинџи Нагао по аукцијата.

„Нашата желба е луѓето да ја јадат туната и да имаат прекрасна година“, додаде тој.

Рекордната цена за туна на аукција во Јапонија беше постигната во 2019 година, кога рибата беше продадена за 333,6 милиони јени (околу 2,7 милиони евра во тоа време), а беше тешка 278 килограми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни