Лига на шампиони
Ламин им испрати порака на критичарите за променетиот имиџ, па ги издвои двајцата најдобри играчи на Интер

Ламин Јамал го привлече вниманието на „Ел Класико“ финалето уште пред стартот на натпреварот поради променетиот имиџ, но во ситуација кога добива и доста критики за незрелоста која ја покажува надвор од теренот, талентот на Барселона има јасна порака до сите кои го напаѓаат.
Јамал вели дека такви работи прави за да не му биде досадно во слободното време, а се додека му оди добро, не планира да престане со слични потези како оној во саботата.
– Со промената на имиџот ми минува слободното време. Сакам да се забавувам, а кога седам дома, често ми станува досадно. Кога ќе дојде до тој степен, правам нешто како она во саботата.
– Се додека победувам, не можат да ми кажат ништо лошо. Кога ќе ме победат, можат да кажат и лоши работи за мене, – вели самоуверениот 17-годишен тинејџер, кој во продолжение од пресот проговори и за Интер, ривалот на утрешното полуфинале во Лигата на шампиони.
– Интер е многу силен во одбрана и тоа е нивното најсилно оружје, исто така, многу добри се и на контри. Сепак, ние имаме јанси замисли и знаеме колку сме добри во тоа што го правиме, ќе направи се за да се пласираме во финалето. Нивните последни партии немаат никаква врска со ова што следи, и тие ќе дадат се од себе за да бидат во финале, – изјави Јамал, кој издвои двајца играчи на Интер кои најмногу му се допаѓаат.
– Барела или Лаутаро, тие се клучни за нивната игра. Тие се едни од најдобрите во светот кога е во прашање контрата, навистина сакам да го гледам Интер како тим, – порачува Јамал.
-
Евролига17 часа
Партизан се засили со довчерашен играч на Лејкерс
-
Шпанија8 часа
Довчерашен играч на Реал: Родриго е подобар од Мбапе и Винисиус!
-
Конференциска лига18 часа
Тренерот на Лозана: Останав непријатно изненаден, но не од играчите на Вардар
-
Англија17 часа
Тотенхем подготвен да се раздели со Сон, Кореецот има и конкретна опција
-
Шпанија18 часа
Барселона ќе му парира на Реал Мадрид во битката за премиерлигашки фудбалер
-
Шпанија16 часа
Лапорта за контроверзната роденденска забава на Јамал: Штета што не присуствував
-
Англија15 часа
Рајс за едно засилување на Арсенал: Тој ќе биде шок за многу луѓе
-
Балкан18 часа
Арнаутовиќ откри: Една голема ѕвезда на Интер има сон да ја види „Маракана“ (Видео)