Формула 1
Пјастри ја потврди доминацијата во Бахреин, Норис се избори за место на подиумот

Оскар Пјастри го комплетираше својот перфектен викенд во Бахреин каде доминираше сите три натпреварувачки денови, вклучувајќи го и овој последниот кој беше најважен за возачот на Мекларен.
Пјастри на главната трка само потврди дека се чувствува подобро на патеката во Сакир од Ландо Норис, кој иако имаше проблематична трка од самиот старт, на крајот успеа да се избори за место на подиумот.
За разлика од Пјастри кој предводеше во текот на цела трка, Норис заработи казна од пет секунди поради лоша позиција на стартот, а во продолжение се врати и после неколку сопствени грешки за да ја добие завршната битка со Шарл Леклер.
Влегувањето на безбедносно возило се покажа како огромна помош за Норис кој успеа да ги смени пневматиците, а откако го направи тоа, влезе во препознатлив ритам и во финишот се избори за трето место пред возачот на Ферари.
Меѓу двајцата возачи на Мекларен денеска се најде Џорџ Расел кој исто така имаше една мирна трка, но за пофалба е и напредокот кој го имаше Луис Хамилтон кој се избори за петта позиција по лошите квалификации.
Зад него заврши Макс Ферстапен кој имаше навистина тежок и исрцпувачки викенд, но и во такви услови, Холанѓанецот успеа да го мине Гасли во последниот круг и да добие уште една позиција.
Гасли на крајот заврши седми, а во првите 10 се најдоа уште Окон, Цунода и Берман.
-
Англија20 часа
Ираола воодушевен од новата енергија кај „ѓаволите“: Јунајтед сега е пеколно добар тим
-
Италија22 часа
Седмо летно засилување во најава: Конте пикирал лев бек од Ла Лига
-
Англија23 часа
Легенда на Јунајтед спасила младо момче кое сакало да си го одземе животот скокајќи од мост (Видео)
-
Англија16 часа
Џексон за неговата иднина во Челси: Конкуренција? Немам конкуренција…
-
Шпанија18 часа
Шоу во Сеул: Барселона во меч со десет гола славеше на турнејата во Азија (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони22 часа
Омерагиќ го поздрави историскиот успех на Шкендија во Европа (Фото)
-
Конференциска лига14 часа
Вардар се посрамоти во Лозана и го заврши настапот во Европа (ВИДЕО)
-
Лига Европа24 часа
Бекали: Ако испаднеме и од следниот ривал, најдобро да го оставиме фудбалот!