Њукасл се интересира за Гендузи, од Лацио велат: Чини 40 милиони евра

Францускиот фудбалер од средниот ред Матео Гендузи, би можел да се врати во Премиерлигата. Според информациите, тој е цел на тимот на Њукасл, кој сака да го види во своите редови.

Англискиот клуб е главен кандидат за потписот на францускиот репрезентативец. Договорот во голема мера ќе зависи и од Сандро Тонали, кој е интересен за Јувентус.

Лацио ја има одредено цената за него, која изнесува 40 милиони евра. Минатата сезона овој фудбалер настапи на 37 натпревари, постигна 1 гол и имаше 3 асистенции.

Се вчитува...