АНАЛИЗА ЗА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕМЈИ: Што пишува „National Geographic“ за Македонија?

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2025 22:44
Во најновата анализа за балканските земји, престижниот „National Geographic“ ја издвојува Македонија како идеална дестинација за љубителите на добрата храна, природата и автентичните искуства, при што особено внимание ѝ се посветува на скромниот, но извонредно богат гастрономски и културен идентитет на земјата.
„И покрај забележителните планини, езера и историски знаменитости, Македонија е пријатно ненаметлива и во голема мера не е погодена од масовниот туризам“, пишува National Geographic, наведувајќи го Охрид како една од најголемите атракции во земјата, благодарение на старите цркви, прошетките покрај езерото и возењата со брод.
Според текстот, вистинското откритие за патниците се руралните предели — особено националните паркови Маврово и Пелистер — каде може да се ужива во „опуштени возења со запирање кај селски таверни и тезги покрај пат со домашни производи“.
Посебно внимание е посветено на македонската кујна, која според магазинот е „позначајно разновидна од повеќето други кујни во западен Балкан и помалку воздржана кон зачинетото“. „Ајварот е типичен пример – овој вкусен намаз од црвени пиперки и модар патлиџан може да биде прилично лут и често се наоѓа на менито во локалните ресторани.“Можеби ќе ве интересира
ЗАЕВ ДО ЦИПРАС: Во ова време на војни и хаотичен свет, сѐ повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се навршија седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО основано во 1893 година

ВЛАДА: Усвоена е Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

ОЈО: Пијан маж ја натерал сопругата да му даде пари за дрога, па ја тепал

ЦИПРАС ПРИЗНАВА – „АКО НЕ ПОБРЗАВМЕ ЌЕ БЕВМЕ ПОД ПРИТИСОК ДА ГО ПРИФАТИМЕ УСТАВНОТО ИМЕ“: По седум години од Преспанскиот договор
МИЦКОСКИ СООПШТИ КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА БРЗАТА ПРУГА: „Ќе значи многу во историска и транспортна смисла“

„ПРИСТИГНУВААТ РАЗНИ ПОРАКИ ОД СОФИЈА, СТАРИТЕ РЕКЛЕ ПОМАЛКУ СЛУШАЈ, ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЈ ШТО РАБОТАТ“: Мицкоски вели Бугарија може да ги повлече амандманите во ЕП
