Сигурно сте слушнале за така наречената “бела смрт” која вклучува шеќер, масти, брашно, но и сол. Меѓутоа, погрешно е да се заклучи дека овие четири состојки на храната самостојно му наштетуваат на нашето здравје.
Додека сме умерени и се храниме урамнотежено и здраво најмалку 80% од времето, повремено земање слатки или грицки со наведените состојки нема да имаaт негативен ефект на здравјето. Конкретно, што се однесува на солта, таа е многу важна за нормалното функционирање на организмот.
Солта или натриум хлорид (NaCl) е важна за нервниот систем бидејќи учествува во преносот на нервните импулси, а од солта зависи и рамнотежата на течностите во организмот. Солта има свое историско и економско значење и била користена како валута. Интересно е што од таму потекнува англискиот збор “salary”, која потекнува од латинската реч “salarium”, што значи “плата во сол”. Со индустриската револуција, солта се проширила од прехранбената индустрија во хемиската индустрија.
Без оглед на тоа што солта е важна за нашето здравје, прекумерниот внес на сол на подолг временски период ќе има дисфункционален ефект на нашиот организам. За жал, не знаеме каде се сè наоѓа солта, па ја внесуваме во многу поголеми количини од она што е потребно.
Солта ќе ја најдеме скоро секогаш во високо преработената храна, пекарските производи, лебот, грицките, но и во тврди сирења, тортили, сувомеснати производи, брза храна како пици, помфрит и хамбургери, во чипс.
Листата е проширена на готови замрзнати јадења, индустриски мешавини на зачин (вегета), готови сосови, инстант супи, коцки за супа, вегетаријански и вегански готови производи, рибни стапчиња и похована риба и месо, конзервирана храна како што се месни наресци и паштети. Проблемот е додавањето сол во такви намирници, бидејќи солта е веќе присутна во храната, на пример во соја сос, кој е исклучително богат со сол.
Кога ќе се навикнеме на толку голема количина на сол, елиминирањето или намалувањето на солта ќе ја направи храната безвкусна. Потребно е постепено да го намалуваме внесот на сол и да консумираме сè повеќе непреработена храна како што се свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, махунарки, месо, риба, обични млечни производи и така натаму. Покрај тоа, процесот на одвикнување и намалување на солта ќе биде олеснет со природни зачини како што се медитерански зачини. Добро е на етикетата да проверите дали на списокот на состојки се наоѓа само тој зачин или мешавина од зачини без додавање сол.
Некои намирници пал природно содржат сол, како што е рибата. Таа сол не е проблематична, туку додадената сол, односно солта што ние сами ја додаваме во јадењата и при тоа претеруваме. Препораката за дневен внес на сол за здрави возрасни лица е до пет грама.
Симптоми на прекумерен внес на сол
Еден од првите и очигледни знаци на прекумерниот внес на сол е жедта. Причината е што водата, поради прекумерниот внес на натриумот што се наоѓа во солта, поттикнува лачење вода од клетките во крвотокот, предизвикувајќи дехидрација. Покрај тоа, доаѓа до задржување на водата во телото, при што чувствуваме дека ни се отечени рацете, нозете, глуждовите и лицето. Таквото задржување на вода често го мешаме со зголемување на телесната тежина, каде што дебелеењето се однесува на зголемување на масните клетки, а не на вишокот вода во телото.
Нашето тело ќе се обиде да ја регулира количината на натриум преку често мокрење, односно излачување низ бубрезите и уринарниот систем. Солта, односно натриумот, предизвикува промени во крвниот притисок, па главоболката е уште еден од симптомите на прекумерното консумирање солена храна. Конечно, слабоста во мускулите или дури и грчевите можат да бидат знак дека навистина сме ја пречекориле количината на сол одеднаш, а тоа често можеме да го припишеме на можен недостаток на магнезиум во организмот.
Намалете го внесот на сол на време за да избегнете овие болести
Солта е често поврзана со висок крвен притисок, што последователно ќе доведе до кардиоваскуларни проблеми, па дури и до мозочен удар и срцев удар. Понатаму, непотребно ги оптоваруваме бубрезите, кои се обидуваат да филтрираат што повеќе натриум, па бубрезите на крајот ќе ослабат, ќе се разболат, а можно е да се појави камен во бубрезите.
Прекумерниот внес на натриум преку солта ќе ги направи коските порозни, зголемувајќи го ризикот од остеопороза бидејќи натриумот стимулира лачење на калциум од коските. Лицата кои страдаат од астма треба посебно да внимават на внесот на сол, бидејќи тоа ќе ги влоши симптомите на астма.
Сериозни болести како чир и рак на желудникот се на листата на последици од прекумерна консумација на сол. Некои други болести и нарушувања поврзани со прекумерен внес на сол се Алцхајмерова болест, дијабетес и дебелина.