
Гоце.мк заедно со Универзитетското радио УГД ФМ се обидува да ги дознае проблемите и предизвиците со кои се соочуваат студентите, средношколците и вработените во образованието. Овој пат во медицинското образование.
Целта е да се видат проблемите и да се види како тие проблеми влијаат на одлуките на младите да ја напуштат државата, а воедно и да се адресираат овие проблеми до надлежните за да се надминат.
Одговорите од студентите, средношколците и вработените значат многу во истражување на мислењето и подобрување на тековните проблеми.
Откако во првата анкета од овој серијал го таргетиравме образованието генерално, сега одиме со посебните научни области.
Овој пат бараме одговори од студенти и средношколци по медицина, како и од вработени во средни медицински училишта или факултети.
Вашите одговори се од огромно значење за доаѓање до вистинските информации.