Финансии / Банкарство
ВО СРБИЈА ОД ОТКРИЕНИТЕ ФАЛСИФИКАТИ НАЈМНОГУ СЕ ВО ЕВРА
14.05.2025
Во Србија, во првите три месеци од оваа година, откриени се 2.361 фалсификувани банкноти, од кои 450 биле во динари, а 1.911 во странски валути, соопштија од Народната банка на Србија.
Најмногу фалсификати има кај банкнотите со евра или 67,64 проценти (1.597), во динари се 19,06 проценти (450 парчиња), и американски долари 13,30 проценти.
Кога станува збор за динари, преовладуваат фалсификуваните банкноти од 2.000 динари, кои сочинуваат 84,44 проценти од фалсификатите на домашната валута, по што следат банкнотите од 1.000 динари со учество од 6,67 проценти и банкнотите од 500 динари со учество од 5,33 проценти.
Меѓу фалсификуваните евра, најмногу се апоени од 100 и 200 евра.
Номиналната вредност во динари на фалсификатите од сите валути изнесуваше 34,86 милиони, а уделот на откриените фалсификувани евро банкноти беше доминантен, имено 30,73 милиони динари или 88,16 проценти, пренесува Б92.