ВИДЕО: Кристал Палас убедлив против Астон Вила за финале во ФА Купот!

Фудбалерите на Кристал Палас приредија мало изненадување и се пласираа во финалето на ФА Купот, откако ја победија Астон Вила со 3-0 (1-0) на „Вембли“. Избраниците на Оливер Гласнер одиграа перфектно, погодуваа и беа сигурни иако ја препуштија иницијативата на ривалот. 

  • Извештај од натпреварот:

По мирниот старт на средбата на култниот стадион во Лондон, тимот кој практично играше како домаќин тргна во офанзива. Прво беше поништен гол на Жан-Филипе Матета во 29. минута поради прекршок, а само две подоцна беше отворен резултатот. Еберечи Езе доби топка од Исмаила Сар, биеше без размислување од околу 18-19 метри и тоа апсолутно прецизно. Ѕвездата на Палас постигна ефектен гол за предност од 1-0 на својата екипа. 

Имаше Астон Вила шанса да се врати до егал преку Езри Конса, ама голманот Дин Хендерсон го спаси својот гол. На стартот на вториот дел Кристал Палас доби и најстрога казна по стартот на Камара. Сепак, Матета не успеа да го погоди голот и биеше крај стативата. Набргу потоа Исмаила Сар изведе нова мајсторија, бидејќи даде гол од преку 20 метри за 2-0 во 58. минута. Имаше тимот од Бирмингем свој налет, го притисна ривалот и се наметна. Сепак, тоа беше бадијала бидејќи со својот втор погодок Исмаила Сар во 94. минута Кристал Палас го завери местото во финалето. 

Во борбата за трофејот на „Вембли“ Кристал Палас ќе игра со подобриот од мечот на Нотингем Форест и Манчестер Сити кои играат в недела.