Орбан: Членството на Украина во ЕУ претставува најголема опасност

Од:

Членството на Украина во Европската Унија претставува најголема опасност, изјави денес во Будимпешта унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан рече дека не е новост дека Унгарија е нападната, бидејќи „бриселските бирократи“, „предводени од (Џорџ) Сорос“, веќе ја нападнале Унгарија претходно, објави МТИ.

Тој рече дека ситуацијата сега е потешка бидејќи „Украинците им се придружија“.

„Членството на Украина во ЕУ е најголемата опасност денес“, рече тој, додавајќи дека ги разбира бидејќи „нивната земја, која веќе беше нефункционална и банкротирана пред војната, е уништена“.

Орбан рече дека Украинците не можат да стојат на свои нозе, дека им се потребни туѓи пари и затоа сакаат да се приклучат кон Европската Унија „веднаш и по секоја цена“.

– Не сакаме да нè вовлечат во војна, да ги уништат нашите земјоделци и да ја претворат најбезбедната земја во Европа во мафијашко гнездо, а не сакаме и парите на Унгарците да им се испраќаат преку Брисел, рече унгарскиот премиер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците со дронови го нападнаа Санкт Петербург каде гостин беше Путин

Горан Наумовски

Речиси 100 украински дронови соборени над руски региони

Зеленски ги повикува европските партнери да помогнат во плаќањето на украинските војници

Русите имаат ново оружје: Ова е „ѕвер“ што ги тресе силите

Русија сака да заземе повеќе територија пред да истече ултиматумот на Трамп

Орбан: Европа веќе е во војна