Како што дознава музичкиот портал Музика24, легендарниот изведувач кој слави 50 години кариера, Жељко Бебек, доаѓа во Охрид по овој повод. Јубилејниот концерт ќе се одржи на 18-ти јули 2024 година во прекрасниот Антички Театар.
Привилегија е да уживате во најголемите хитови на Жељко Бебек, еден од највлијателните артисти на балканскиот регион во изминатите 50 години.

Концертот е во организација на Сцена Продукција, додека влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 9-ти мај преку продажната мрежа на mktickets.