Спорни унапредувања и можна дискриминација во случајот со Костадиновски и Марковски
Пет месеци откако судијата Андреј Димовски од граѓанскиот суд поднесол барање за утврдување за дикриминација од страна на комисијата во Судскиот совет за рангирање на кандидатите за изборот во Апелација и речиси три месеци од унапредувањето на судии од Кривичниот и Граѓанскиот суд во Апелација, Уставниот суд пост фестум го испланирал за седница во јули откако изборот на судии на оглас стар три години веќе заврши изборот на судии, меѓу кои унапредени беа сопругите на претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски и на советникот за надворешна политика на премиерот Мицкоски, Сашо Марковски.
- Согласно редоследот на доставени предмети до претседателот на Уставниот суд, предметот У.бр.276/2024 е предвиден за Дневен ред на седница на 02 јули 2025 година. - Уставен суд.
Од Судот нема одговор зошто судот не го земал в предвид барањето за приоритер на судијата, кое било испратено пред да се случи изборот во Судскиот совет. Ниту пак кога судијата известител го доставила предметот до претседателот на Уставен суд. Во предлогот до Уставниот суд судијата бара од судот да утврди дискриминација по основ на на социјален статус, сторена од Судскиот совет во постапката за негово рангирање. Оваа постапка според член 50 од Уставот, е итна.
Тој преку ова барање тврди дека е дискриминиран бидејќи во вкупните бодови на ранг листта за унапредување во Апелација иако работел во меѓународниот суд во Стразбур не му била призната годината и не добил бодирање.
- Судот не може да отфрли барање за определено право со образложение дека постои правна празнина и е должен да одлучува по него со повикување на општите начела на правото освен кога е тоа изрично забрането со закон. - Барање до Уставен суд.
Судијата од граѓанскиот суд го тужи и Судскиот совет за овој оглас и бара унаредувањата во Апелација до граѓанскиот суд на шест сдусии меѓу кои и сопругата на актуелниот претседател на уставниот суд Дарко Костадиновскии, да биде поништен. Адвокатот на Судскиот совет ги уверуваше судиите од Управен дека самото оценување на кандидатите за влез во Апелација е согласно законот за судски совет од 2019 година и критериумите по оваа регулатива.
Одлука во Управен треба да се донесе на 17ти месецов.