Во атинска болница пилотски воведен систем за електронско следење на пациенти
- Во болница во Атина од денеска беше воведен систем за електронско следење на пациенти во Ургентниот центар со цел полесно информирање на граѓаните, систем што до крајот на годинава ќе се прошири во 85 болници, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 15 мај 2025 (МИА) – Во болница во Атина од денеска беше воведен систем за електронско следење на пациенти во Ургентниот центар со цел полесно информирање на граѓаните, систем што до крајот на годинава ќе се прошири во 85 болници, јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно, како што информираа од Министерството за здравство на Грција, со електронското следење, што е воведено на одделенијата за итни случаи во болницата „Евангелисмос“ во Атина, пациентот при приемот ќе добие „алка“ со специјален баркод и при скенирање на кодот ќе има можност да го дознае неговиот број; да знае колку луѓе чекаат пред него; да се информира за проценетото време на чекање, но и доколку сака, да ја откаже посетата.
Во болницата се поставени и монитори на различни локации, како што се ходниците и пред одделенијата, преку кои пациентите се информираат за редоследот на прием, согласно добиениот број.
Конкретниот електронски систем во следните два месеци ќе биде воведен во 15 големи болници во земјата, а до крајот на годината планирано е да функционира во 85 болници. ср/сд/
Фото: Министерство за здравство на Грција