logo
logo
logo

Трагедија во Фиренца: Загинаа тројца работници, уште тројаца се изчезнати- падна бетонска греда

Vecer | 16.02.2024

Трагедија во Фиренца: Загинаа тројца работници, уште тројаца се изчезнати- падна бетонска греда

Уште три лица се извлечени живи од под урнатините и веднаш се пренесени во болница, објави Анса.

Немилиот настан се случил денеска околу 9 часот, а според првите информации до трагедијата дошло кога бетонска греда што го потпирала подот се урнала и паднала врз работниците.

Во моментот на несреќата, работниците работеле на монтажа на монтажните објекти.

На местото на настанот пристигнале неколку противпожарни единици, како и екипи на полицијата и брзата помош.

Жителите падот на бетонската греда го опишаа како „бомба“.

"Бев дома, се туширав. Слушнав силна бучава и истрчав да видам. Слушнав плач на работници кои бараат помош", вели еден од жителите.

"Се чувствуваше како земјотрес. Потоа се слушнаа крици за помош. Беше страшно", рекол сопственикот на локалниот бар.

„Слушнавме повици за помош, очајни и збунети гласови“, велат работниците кои ја чистеле улицата во моментот на несреќата.

Претседателот на регионот Тоскана, Еугенио Џани на социјалните мрежи објави дека во уривањето се погодени осум лица, а подоцна е потврдена смртта на неколку работници.

„На градилиштето на супермаркетот дошло до големо пропаѓање на еден од главните бетонски столбови“, велат пожарникарите кои интервенирале.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk