Коки: „Освен електро шоковите, сега на главата се почесто ги чувсвуваме…ценовните шокови“

Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки за читателите на Дума.мк подготви седум нови афоризми, инспирирани од секојдневниот живот. Коки повторно потсетува дека вистината најлесно се кажува — низ шега.
-Без жени нема живот, а со нив…уште помалку.
-Ќе биде голем успех за нашата дипломатија, ако успее да ги увери граѓаните на новиот стратешки партнер, наместо чај, да започнат да пијат, наша домашна, стара, тиквешка…Ж’ТА!
-Освен електро шоковите, сега на главата се почесто ги чувсвуваме…ценовните шокови.
-Политичките лидери одново се обидуваат да ни подготват „вкусна“ предизборна торта: започнаа катадневно…ДА НЕ МАТАТ.
-Стравувам дека на повидок е времето, кога групниот секс би можел да прерасне…во колективен.
-Кога страствените момчиња љубат, во своите девојки се обидуваат да вградат, и дел од себе.
-Искусните жени може да се поистоветат со искусните спортистки: имаат безброј средби во своите нозе.
Афористичар Коки
Дума.мк
